Теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа на ден 21.01.2026 год.

Екипите од сектор Канализација, согласно временската прогноза, покрај редовните активности, од утрово се на терен и спроведуваат дополнителни активности за контрола и расчистување на сливниците и шахтите, со посебен акцент на критичните точки на територијата на Град Скопје. 

Тимови распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите кои се дел од атмосферската канализациона линија, со цел овозможување на нејзина непречена функционалност.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните.

 

 


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies