Теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа на ден 26.11.2025 год.

Екипите од секторот Канализација, согласно временската прогноза и покрај редовните активности, од утрово се на терен и спроведуваат дополнителни активности за контрола и расчистување на сливниците и шахтите, со посебен акцент на критичните точки на територијата на Град Скопје.

Тимовите распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите кои се дел од атмосферската канализациона линија, со цел овозможување на нејзина непречена функционалност. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies