Теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа на ден 27.10.2025 год.

Екипите на сектор Канализација во согласност со временската прогноза, покрај редовните активности за одржување на атмосферската канализација, во текот на изминатите денови, а и од утрово се на терен за спроведување на дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите, со посебен акцент на критичните точки на територија на град Скопје.  

Тимовите распределени по реони работат на рачно и машинско чистење на сливниците и шахтите кои се дел од атмосферската канализациона линија, со цел овозможување на нејзина непречена функционалност. 

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies