Екипите на сектор Канализација во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти.
Воедно апелираме до граѓаните корисници на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад.