ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 26.05.2025 до 31.05.2025 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје.
Вонредно се земени 10 истражни примероци после санација на дефект на 01.06.2025 год.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).