Почитувани,
Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден
01.06.2025 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на
градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување на 31.05.2025 година поради
изведување на активности на секторот Водовод и секторот ЕОК.
Мониторингот опфати 10 (десет) точки: Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари,
Радишани, Бутел, Ф – 600, Железара- во раните
утрински часови, Автокоманда, Визбегово и Чаир 1 од каде беа
земени примероци од вода за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и
микробиолошко лабораториско тестирање.
Покрај теренските мерења на рутинските параметри и концентрацијата на
резидуален хлор, тестирањето беше изведено и со страндардни методи со јонска
хроматографија за физичко-хемиската анализа и со Полимераза верижна реакција
(ПЦР) метода за микробиолошката анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки
ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за
пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатираме дека водата од
водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може
непречено да се употребува за хумана употреба.
Со почит,
ЈП Водовод и канализација- Скопје