Теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа на ден 16.05.2025 год.

Екипите на сектор Канализација, во согласност со временската прогноза од утрово се на терен со цел проверка и расчистување на сливниците и шахтите по коловозите во град Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот и подвозниците.

Теренските активности за одржување на атмосферската канализација ќе продолжат и во текот на денот со цел обезбедување на нејзина непречена и нормална  функционалност, како и спречување на задржување на поголеми количества на вода на одредени локации. 

 


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies