Теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа на ден 13.01.2025 год.

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на сектор Канализација, во согласност со временската прогноза од утрово се на терен, со цел проверка и расчистување на сливниците и шахтите по коловозите во град Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот и подвозниците.

Теренските активности за одржување на канализационата мрежа, ќе продолжат и во текот на денот, со цел обезбедување на нејзина непречена и нормална функционалност. 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies