Почитувани,
Во текот на утрешниот ден предвидени се активности за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод.
За оваа цел изготвен е оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка за овој зафат со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.
Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби мжна вода. Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов ќе се изврши
- Замена на нефункционален затварач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров
- Репарација на затварач Ф600мм на мост Обединети нации кој тече
- Заптивање на затварач Ф700мм на булевар Партизански Одреди кој протекува и замена на затварач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта
- Санација на затварач Ф700мм и Ф500мм на ул. Никола Парапунов.
- Замена на 4 водушни вентили
Согласно Оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.
Во процесот на активности Сектор Водовод првично ќе направи проверка за исправноста на воздушните вентили, испусти и хидранти поставени по должината на цевководот Ф1600мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност Сектор Водовод со екипи составени од 6 пункта носители на работата со обезбедена испомош на конкретни работници од други пунктови ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот.
Акцијата е предвидена на 21ви Декември, односно сабота со почеток во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод ќе бидат на предвидените локации.
Се очекува оваа операција да заврши за помалку од 15 часа во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.
Апелираме до сите јавни чинители да внимаваат во изнесувањето информации и да не предизвикуваат страв и паника кај граѓаните за неколку часовното немање вода. Овој сериозен зафат се превзема за да се превенираат состојби на дефекти како што се тие во Тетово, Битола, Штип и Неготино, каде со денови и недели немаше вода поради несанирани дефекти. (Види прилог)
За сите прашања во врска со статусот на операцијата Водовод и Канализација Скопје ќе бидат достапни за одговори во текот на целото времетраење на санацијата.
Со почит,
ЈП Водовод и Канализација Скопје
Прилог:
https://civilmedia.mk/gradot-pod-shara-tsela-nedela-bez-voda-za-piene/
https://telma.com.mk/2024/08/29/czela-bitola-ostana-bez-voda-za-piene/
https://fokus.mk/zhiteli-na-tsrveni-bregovi-na-protest-ne-e-chovechno-za-voda-da-molime-detsata-ni-se-razbolea/