Во текот на вчерашниот ден во Секторот за санитарна контрола беа во посета група на ученици од деветто одделение од ООУ Братство, нас.Тафталиџе-Скопје. Во текот на посетата учениците беа запознаени со употребата на водата во секојдневниот живот од градскиот водоснабдителен систем. Преку видео презентација им беа објаснети својствата на водата, нејзините карактеристики, од каде доаѓа водата, водниот циклус-кружење на водата. Беше претставен нашиот водоводен систем и како водата доаѓа до нашите домови. Како се врши испитување на питката вода и изворите и беше претствено значењето на физичко-хемиската и микробиолошка анализа на водата. Потоа на учениците им беше практично претставено како се вршат одредени анализи на водата.
Со взаемна интеракција беше воспоставен многу интересен начин на комуникација со кој ги заинтересиравме младите на наше големо задоволство.
Нашето претријатие останува отворено за соработка со цел поголема едукација и грижа на учениците од основното и средно образование.