👉ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
👉Екипите на сектор Канализација во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување на фекалните шахти, но и на сливниците и шахтите дел од атмосферската канализација со цел нормална функционалност на истата.
Воедно апелираме граѓаните и сите корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад.