ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Екипите на сектор Канализација во текот на денешниот ден спроведоа редовни активности за расчистување на фекалните шахти, чистење на сливниците и шахтите дел од атмосферската канализациона мрежа.
Во согласност со временска прогноза, проследена со поројни дождови и ветер, спроведени се и вонредни проверки на атмосферската канализациона мрежа особено на критичните точки во градот, со цел превенирање и спречување на поплави.
Воедно апелираме граѓаните и сите корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад.