Активности за одржување на стабилноста на канализацискиот систем во град Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот,  како и за нејзините составни делови, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на секторот за Експлоатација и одржување на капацитети во текот на изминатите денови спроведоа активности за чистење на фекалните пумпи во ФПС Драчево од груб канализационен отпад. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните корисници на канализацискиот систем, совесно и одговорно да го користат истиот, да не се фрла секаков тип на отпад во одводната мрежа, кој може да придонесе до затнување на цевките и сите останати составни делови од системот. 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies