Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје во согласност со временската прогноза од утрово се на терен со цел проверка и расчистување на сливниците и шахтите по коловозите во град Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот и подвозниците.
Теренските активности за одржување на атмосферската канализација ќе продолжат и во текот на денот со цел обезбедување на нејзина непречена и нормална функционалност, како и спречување на задржување на поголеми количества на вода на одредени локации.