Активности за одржување на атмосферската канализациона мрежа на ден 09.09.2024 год.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа, во согласност со временската прогноза и најавите за зачестени врнежи од дожд, спроведоа и дополнителни активности за одржување на атмосферската канализациона мрежа.

Во рамки на дополнителните активности се извршија расчистување на сливниците, каналите и шахтите рачно, но и со примена на механизација – цистерни под притисок. Расчистувањето и проверката се спроведоа на сите улици на територија на град Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот, со цел непречена и нормална функционалност на атмосферската канализација, како и спречување на несакани последици.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.


 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies