ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот, како и за нејзините составни делови, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Екипите на секторот за Експлоатација и одржување на капацитети во текот на изминатите денови спроведоа активности за санација на цевка за повратен сигнал за системoт за хлорирање во бунарското подрачје Лепенец.
Редовните и вонредните проверки на сите составни делови на канализационата и водоводната мрежа се спроведуваат континуирано со цел одржување на стабилноста на системот и подобрување на услугите за скопјани.