ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот, како и за нејзините составни делови, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Екипите на секторот за Експлоатација и одржување на капацитети во текот на изминатите денови спроведоа активности за замена на заптивка на пумпа број 6 во ПС Припор.
Редовните и вонредните проверки на сите составни делови на канализационата и водоводната мрежа се спроведуваат континуирано со цел одржување на стабилноста на системот и подобрување на услугите за скопјани.