Активности за сервисирање на хидрофорска постројка во резервоар Визбегово

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот, како и за нејзините составни делови, со цел зголемување на квалитетот на услугите на корисниците. 

Во текот на денешниот ден екипите на секторот за Експлоатација и одржување на капацитети извршија работни активности за сервисирање на хидрофорската постројка во резервоарот Визбегово со што се придонесе за подобрување на водоснабдувањето за жителите во овој дел од град Скопје. 

Редовните и вонредните проверки на сите составни делови на канализационата и водоводнате мрежа се спроведуваат континуирано со цел одржување на стабилноста на системот и подобрување на услугите за скопјани. 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies