Во текот на денешниот ден екипите на сектор Водовод спроведоа активности за расчистување и санација на уличен дефект од Ф-80мм на улица Христо Татарчев бр.22а.
Екипите на сектор Канализација редовно спроведуваат активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации, чистење на сливници и фекални шахти по градските улици и булевари.
ЈП Водовод и канализација-Скопје како јавно претпријатие секојдневно работи во служба на граѓаните на град Скопје и во насока на подобрување на условите за обезбедување на подобри и поквалитетни услуги.