Активности за одржување на стабилноста на водоснабдителниот систем во град Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот,  како и за нејзините составни делови, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на секторот за Експлоатација и одржување на капацитети во текот на изминатите денови, по обилните дождови и наносите од тврд канализационен отпад, спроведоа активности за чистење на три фекални потопни пумпи во ФПС Драчево.

Редовните и вонредните проверки на сите составни делови на канализационата и водоводната мрежа се спроведуваат континуирано со цел одржување на стабилноста на системот и подобрување на услугите за скопјани.


 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies