Активности за одржување на стабилноста на водоснабдителниот систем во град Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот,  како и за нејзините составни делови, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

Екипите на секторот за Експлоатација и одржување на капацитети изврши проверка на работата на новите вертикални пумпи за питка вода во ПС Нукиштани, како и проверка на електричните и хидрауличните параметри на пумпите кои што се со проток од 7,5 л/с и со електромотор со номинална моќност од 15 kw.

Редовните и вонредните проверки на сите составни делови на канализационата и водоводната мрежа се спроведуваат континуирано со цел одржување на стабилноста на системот и подобрување на услугите за скопјани.


 

 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies