ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Екипите на ЈП Водовод и канализација-Скопје редовно спроведуваат активности за расчистување на сливници и шахти по градските улици и булевари.
Воедно апелираме граѓаните и сите корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад.