Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул.Варшавска бр.7, ул.Радишанска бр.7/4, ул.Моцартова бр.28, ул.Иван Манолев бр.18.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул.Киро Фетах-Кисела Вода, ул.8 с.Радишани-Бутел 1, бул.Јане Сандански-Аеродром, ул.Мариовска- Кисела Вода, ул.Љубин-Ѓорче Петров, бул.Крсте Мисирков- Бит Пазар.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.