Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул.Качанички пат бб, ул.Чедомир Кантарџиев 23, бул.Србија 1/5, ул. Жеглање 32.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: бул. Александар Македонски- Автокоманда, ул.Мите Богоевски- Лисиче, ул.Локов- Кисела Вода , ул.Мраморец- Ѓорче Петров, ул.Бутелска – Бител 1, бул.Христијан Тодоровски Карпош- Бутел.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.