Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: бул.Македонско Косовска бригада 3/41, ул.Џон Кенеди.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: реон Ѓорче Петров, ул.14-ти Декември- Кисела Вода.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.