Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: Бардовци ул.4, Бутел ул.46, ул.Христо Татарчев 50, ул. Горноврановска 138.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти на следната локација: ул.Лисец-Лисиче, Маџари, ул.Есенинова- Кисела Вода, ул.Коста Новаковиќ- Аеродром.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.