ЈП Водовод и канализација – Скопје, како јавно претпријатие кое континуирано работи во интерес на граѓаните на град Скопје, како и повеќе пати до сега, уште еднаш нагласува дека со последната одлука на Управниот одбор на претпријатието, јавните чешми и фонтани за да бидат пуштени во употреба треба да се превземат за користење од страна на соодветната општина на чија територија се поставени.
По барање на општините за активирање на фонтаните и чешмите, на оние кои се превземаат од страна на општините се поставува водомер преку кој се регулира и потрошувачката на водата.
Имено, за фонтаните на локациите кои се наведени во објавата на Скопје1 и видеото во истата (во прилог линк од објавата https://skopje1.mk/archives/298118), како јавно претпријатие ја известуваме јавноста дека:
- Фонтаната кај Собрание – работи
- Фонтаните кај Хотел Мериот, Собориот храм, позади Кам не се превземени од Општината
- Фонтаната кај Чичко Стоилко е поврзана со системот за водоснабдување на ГТЦ и не е пуштена од страна на ГТЦ.
Во однос на отпадоците кои се оставаат во фонтаните, апелираме за зголемување на свесноста кај граѓаните и посочуваме дека, без оглед на тоа дали работат или не, фонтаните не се место за фрлање на каков било отпад.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, бара јавно извинување од страна на порталот Скопје1 заради изнесените невистини и непроверени информации во текстот и повлекување на истиот, во спротивно претпријатието ќе покрене соодветна постапка пред надлежните институции.