Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Коста Боваковиќ бб, Јадранска магистрала бр. 59 и ул. Рилски Конгрес бр. 14.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, одржување на атмосферскaта канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: реон Лисиче, Центар и Карпош.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.