Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Јане Сандански бр.16, ул. Карл Хром бр.21, ул. Мавровска 2/2 и ул. Вашингтнонска бр.65.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, одржување на атмосферскaта канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: Автокоманда, Центар, Кисела Вода и Карпош.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.