Екипите на сектор Водовод во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување и санација на улични дефекти на следните локации: ул. Темко Попов бб, Ѓорги Капчев 1/24 и ул. Костурска бр.2.
Екипите на сектор Канализација спроведоа активности за расчистување на шахти, одржување на атмосферскaта канализација и чистење на сливници и фекални шахти на следните локации: Маџари, Центар, Кисела Вода, Карпош и Аеродром.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведуваат теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.