Известување за работна посета на ПСОВ Волков

Денес, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, беше во работна посета на ПСОВ – Волково.

ПСОВ - Волково е наменета за пречистување на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково, со што директно делува на заштита на животната средина.

Станицата е предвидена за 19 500 еквивалент жители. Најголем придонес од проектот ПСОВ - Волково е заштитата на подземните води и на водите што се користат како резервен водоснабдителен систем за градот Скопје (бунарското подрачје Нерези-Лепенец). За пречистување на отпадната вода се применува современа SBR технологија. Ефлуентот од ПСОВ Волково се пречистува според барањата на Директивата на ЕУ за урбана отпадна вода (91/271/EEC, 98/15/EC) за чувствителни подрачја.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија