Месечен извештај за оперативноста на ПСОВ – Волково, август 2021

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемена транспарентност го објавува месечниот извештај за август, 2021 година за оперативноста на пречистителната станица за отпадни води – Волково.

Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води кои доаѓаат од собирното подрачјето на населбите Кисела Јабука, Стопански Двор и Волково.

ПСОВ Волково е предвидена за 19 500 Е.Ж. За пречистување на отпадните води се употребува современа СБР технологија. Во текот на месец  август, 2021 се пречистени вкупно 61 598 м³. Од механичкиот предтретман се отстранети приближно 3,5 тони отпад со категоризација на отпад 19 08 01 (отпад од сита, крпи, марамици...) и 19 08 02 ( отпад од песколовец - песок).  Во Пречистителната станица за отпадни води - Волково  се прават анализи на параметри  кои се предвидени во дозволата за испуштање на отпадна вода во р. Лепенец.

Во периодот од 03.08.2021  до 31.08.2021 беа  изработени  анализи на 18 примероци од две мерни места. Направените анализи во месец  август 2021 година  покажуваат висок процент на  ефектот  на пречистување, а  вредностите на параметрите на излез се движат во  границите на максимално дозволените концентрации според Правилник - Службен весник на РСМ бр.73 од 31.05.2011 година.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија