Водовод Скопје и Кроација Осигурување потпишаа Меморандум за соработка за повеќе поволности за граѓаните

(Скопје, 27.08.2021) - ЈП Водовод и канализација – Скопје и Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје, потпишаа Меморандум за соработка со кој се отвораат можности за реализирање на проекти од заеднички интерес. Најголемите придобивки што ќе произлезат од овој Меморандум се однесуваат на граѓаните, посебно за проширување на поволностите за корисниците на услугите на двете компании, но ќе придонесе и за поттикнување на деловните активности и за реализација на општокорисни проекти, соодветно на општествената одговорност на двете компании.

„Остварувањето соработки и отворањето можности за реализирање на проекти што се во интерес на граѓаните, со различни чинители во општеството, е само уште еден доказ за нашето посветено општествено одговорно делување. Со задоволство ја прифативме иницијативата на тимот на Кроација Осигурување и пристапивме кон реализиција на стратешко партнерство и испишување на една нова приказна, која сме подготвени да ја исполниме со успешни поглавја во кои граѓаните ќе бидат носители на поволностите“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Поволни осигурителни пакети, ваучери, награди, попусти и разни начини за мотивирање на граѓанската одговорност, како и за поттикнување и зголемување на наплатата, се само дел од предностите за граѓаните, покрај општествено одговорните активности од заеднички интерес.

Генералниот директор на Кроација Осигурување, Александар Манев, изразувајќи го своето задоволство од остварувањето на оваа соработка истакна дека со ова се потврдуваат заложбите на двете компании за подобрување на условите за корисниците на услугите.

„Со потпишувањето на овој Меморандум отворивме простор за граѓаните полесно да пристапуваат до нашите услуги, кои ќе станат поатрактивни и притоа непосредно да ги увидат големите придобивки. Дополнителна вредност на договорот му дава заедничкиот капацитет за создавање општокорисни проекти, а истовремено значи и стратешко партнерство што отвора нови перспективи за развој на двете компании преку пласирање на иновативни услуги и деловни активности. Ова беше главниот мотив за неговото создавање, кој придонесе за дополнителен развој”, истакна Манев, генерален директор на Кроација Осигурување.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија