Нова водоводна и фекално - канализациона мрежа на ул. Рамиз Садику во општина Ѓорче Петров

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците.

Во текот на денешниот ден генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски направија увид на работните активности за изведба на новата водоводна и канализациона линија на ул. Рамиз Садику во општина Ѓорче Петров.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на оваа водоводна и фекално-канализациона линија со цел подобрување на водоснабдувањето, но и одведувањето на отпадните води во овој дел од градот. Со реализацијата на новата водоводна мрежа ќе се изврши замена на старата поцинкувана мрежа која поминува низ дворовите со нова водоводна мрежа од дуктилно лиени железни цевки со дијаметар од 80мм. Новата фекално-канализациона мрежа со дијаметар на цевка од 250мм ќе биде изведена со полипропиленски канализациони цевки и  полипропиленски шахти со лиено железни капаци - тежок тип, поволни за сообраќајниот режим на оваа улица. Двете мрежи ќе се поврзат на веќе постоечките на ул. Браќа Чакреви“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е во вредност од околу 6.500.000,00 денари.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го изрази своето задоволство во однос на соработката и спроведените проекти со кои се подобруваат условите за живот за граѓаните во општината.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија