Канализацискиот систем не е депонија!

Во изминатите денови, екипите на сектор Канализација и Механизација при ЈП Водовод и канализација - Скопје повторно се соочија со затната канализација, како резултат на неодговорно и несовесно користење на канализацискиот систем. 

„Во село Драчево, на ул. Речиште беа исчистени и одзатнати пет шахти со длабочина од 4 метри како и цевките кои ги поврзуваат. Причина за нивно затнување беше отпад од секаков вид. Апелираме на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека истиот не е место за одлагање на отпадот“ – посочија од сектор Канализација.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија