Реконструирана фекална канализација во општина Кисела Вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. 

Во изминатиот период екипата на секторот Канализација при ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со Општина Кисела Вода, а на барање на граѓаните изведе реконструкција на фекална канализација. 

„Реконструкцијата на фекалната канализација беше изведена со поставување на нова одводна цевка со дијаметар од 250мм и четири нови шахти. Со овој зафат се овозможи подобрување на одведувањето на отпадните води во овој дел“ – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија