Околу 1км нова водоводна линија на ул. Ратко Митровиќ во општина Кисела Вода

Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со дополнително поврзување на водоводната мрежа на дел од ул. Ратко Митровиќ и улицата на левиот брег на реката Мала Рада со ул. Сердарот, во должина од околу 1000 метри 

„Продолжувањето на водоводната линија во должина од околу 1000 метри на ул. Ратко Митровиќ, со дијаметар на цевки од 110мм и 95мм, во општина Кисела Вода е дел од инвестицискиот циклус за подорување и обнова на водоводната мрежа во град Скопје.  Покрај основните материјали кои се дел од водоводниот систем, се поставуваат и РФИД (RFID) маркери за обележување на подземни инсталации, кои претставуваат технолошки напредни решенија за полесно откривање на истите“ - истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија