ИЗВЕСТУВАЊЕ

Нов систем за водоснабдување во Горно Свиларе

 

Во текот на вчерашниот ден, во присуство на градоначалникот на Општина Сарај г-дин Блерим Беџети, Министерот за животна средина, г-дин Насер Нуредини и заменик директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Џеладин Џеладини, беше пуштен во употреба новиот резервоар за вода во селото Свиларе.

 

„Изведбата на овој проект е преку соработка на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Општина Сарај и вклучува изградба на резервоар со капацитет од 250м3 во Горно Свиларе и проширување на капацитетот на резервоарот во Долно Свиларе. Со цел реализација на овој проект, ЈП Водовод и канализација – Скопје, обезбеди пумпи за резервоарот и приклучни делови за системот како и поврзување на новите приклучоци за корисниците. Во текот на месец  јуни, 2021 се очекува и поставување на опрема за автоматска работа на пумпите со што ќе се овозможи спојување на системот на Долно Свиларе со системот на Горно Свиларе“, - изјави заменик директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Џеладин Џеладини. 

Нов систем за водоснабдување во Горно Свиларе

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија