ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ

ЈП Водовод и канализација – Скопје на почетокот на месец април постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ на приземје, каде корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие во служба на граѓаните ја зголемува достапноста на своите услуги за своите корисници. Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките веќе се достапни и преку апаратите за наплата поставени на неколку локации низ градот - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија