Активности за непречено функционирање на атмосферската канализација Екипите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје по обилните врнежи од снег изминатиот викенд, утринава започнаа со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациона мрежа. Екипите на претпријатието во текот на денот ќе продолжат со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на град Скопје. Oбјавено на 15.02.2021