Нова водоводна мрежа на Дижонска 1, во општина Чаир

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу направија увид на работните активности на ул. Дижонска 1, во Општина Чаир. 

Во текот на изминатиот период во општина Чаир, на ул. Дижонска бр.1, ЈП Водовод и канализација – Скопје, инвестираше во поставување на нова водоводна мрежа. Имено на ул. Дижонска бр.1, старата поцинкована цефка 5/4 се замени со нова ф100, дуктилна цефка, во должина од 212 метри. Во текот на изведување на работните активности старите 34 водоводни приклучоци, беа земенети со нови и приклучени на новата мрежа. 

Инвестицијата за оваа мрежа од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје беше 2.800.000,00 ден. 

По завршување на работните активности од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Општина Чаир го започна асфалтирањето на улицата. 

На овој начин, преку успешна и планска соработка на Општината со ЈП Водовод и канализација – Скопје, жителите од овој дел од општината добија нова водоводна мрежа, подобрено водоснабдување и обновена улица.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија