Увид на оперативните активности за изведбата на водоводната мрежа ф300 во општина Гази Баба

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски, спроведе увид на оперативните активности за реализација на водоводната мрежа од профил на цефка ф300мм, во должина од околу 100м на потегот меѓу Универзитетот ФОН и Мерцедес. 

„ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на реализаиција и зголемување на инвестициите со цел подобрување и обнова на водоводната и канализационата инфраструктура во град Скопје. Со поставување на оваа водоводна линија се отвораат можности и услови за продолжување и развој на водоснабдителниот систем во овој дел од општина Гази Баба. Во интерес на исполнување потребите на граѓаните, активно продолжуваме со  инвестиции и спроведување на оперативни активности како за водоснабдителниот така и за канализацискиот систем во сите општини во град Скопје“ – посочи Душко Весковски.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија