Заштити го водоснабдителниот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

Рационалната употреба на водата го заштитува не само водоснабдителниот систем туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување. 

Климатските промени делуваат на природата и природните извори, како што е изворот Рашче. Зголемените температури, сушните периоди без дожд и снег придонесуваат за намалување на нивоата на природните извори, а нерационалната употреба и злоупотреба преку диви приклучоци и неконтролирана употреба на водата придонесуваат до исцрпување на изворите и нарушување на системот за водоснабдување. 

Наша должност е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина. 

Пријави злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на:

 

-       02 3073 010, ДИЦ;

-       02 3240 300,

-       kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-       www.vodovod-skopje.com.mk

-       www.facebook.com/jpvodovod.skopje

 

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија