„Ниту едно дете не треба да расте само” - ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува со поддршка на СОС Детско село

ЈП Водовод и канализација –Скопје како општествено одговорна компанија во изминатиот период работеше на остварување и реализација на соработка со различни чинители во општеството, со една единствена цел, спроведување на добри практики и поткревање на јавната свест за општествено одговорно однесување. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје водејќи се од позитивната мисла дека љубовта и грижата се неопходни за среќно и безгрижно детство, како што е водата за животот, во април оваа година стана член на големото СОС семејство. 

„Чест и задоволство е да си член на едно големо семејство, како СОС Детско село. Започнавме само со една позитивна мисла, да ја поддржиме иницијативата за донирање средства за децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик згрижени во СОС Детско село, а како што велат оттаму досега се донирани 374.944,00 убави мисли, преку повикот упатен до нашите корисници. Јас сум навистина среќен и задоволен што со промените кои ги правиме успеваме да допреме до граѓаните, што тие можат да ја препознаат нашата заложба за делување во заедницата и што даваат позитивен одговор на тоа. Исто така сум задоволен што ја менуваме перцепцијата кон делување на јавните претпријатија и институции во однос на општествената одговорност. Оттука, ги повикувам сите компании, институции, претпријатија и поединци да го следат нашиот пример, бидејќи убаво е да си прв, но никој не треба да биде сам“ вели г-дин Душко Весковски, Генерален Директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува со активности за поддршка на СОС Детско село. Имено во Дирекцијата на претпријатието и во Сервисниот Центар Бутел, во Бутел се поставени касички за донација, каде корисниците, посетителите и граѓаните можат да донираат. Bработените од ЈП Водовод и канализација - Скопје ќе се приклучат кон акцијата за редовно месечно донирање со цел да обезбедат континуирана поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 19 години.  ЈП Водовод и канализација – Скопје ја отвора и можноста за он-лајн донации преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk каде има можност за директно поврзување со линкот за он-лајн донации на СОС Детско село https://sos.org.mk/sos-superheroi/.

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија