Е-сметка

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk  корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска сметка.

„Доколку не сте регистриран електронски корисник, а сакате да ја добивате вашата сметка електронски, следете ги упатствата на e.vodovod-skopje.com.mk и  пополнете го формуларот за е-сметка и скениран доставете го на e-faktura@vodovod-skopje.com.mk  или во приемните канцеларии на Сектор за наплата при ЈП Водовод и канализација – Скопје“.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;  02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk;  www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

 

Со почит,

ЈП Водовод и канализација - Скопје

09.07.2020 година

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија