30 дена до завршување на акцијата за наплата на долговите на рати без камата

ЈП Водовод и канализација - Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје. Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек. 

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица, која започна на 17.06.2020 е со определен временски рок и завршува на 31.07.2020. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката преставува да важи. 

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете. 

  За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

-       02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-       02 3240 300, Дирекција

-       kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-       www.vodovod-skopje.com.mk

-       www.facebook.com/jpvodovod.skopje

  

Со почит,

ЈП Водовод и канализација – Скопје

01.07.2020

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија