Нов апарат за плаќање на сметки во СУПЕР ТИНЕКС 1 - ГОДЕЛ

ЈП Водовод и канализација – Скопје во соработка со ланецот на маркети Тинекс, денес постави апарат за плаќање на сметки во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ на ул. Перо Наков бр.108. 

Ова е уште еден чекор со кој ЈП Водовод и канализација – Скопје како јавно претпријатие ја зголемува достапноста на своите услуги до своите корисници. По воведување на мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата кои освен во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, се поставени уште на две локации – во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје.

Имено, користејќи ги апаратите за наплата, корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки.

       

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија