ЈП Водовод и канализација – Скопје ја објавува Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно одредените фази за имплементација на проектот ПСОВ – Скопје, работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина. Во овој контекст се објавува Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Официјалниот документ за Поканата, може да се најде на официјална платформа  на Европската Инвестициона Банка https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0, во денешното издание на весникот Нова Македонија и на веб страната на ЈП Водовод и канализација – Скопје www.vodovod-skopje.com.mk.  

Ги повикуваме сите заинтересирани компании да аплицираат за  претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени електронски во пренослив или отворен формат.  Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата и критериумите наведени во Поканата,  е 17 август 2020 година до 12:00 часот (по локално време).

 

ПРЕВЗЕМИ -  ПОКАНА ЗА ПРЕTКФАЛИФИКАЦИЈА

 

                                                                                                                                               

Со почит,

ЈП Водовод и канализација – Скопје

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија