Нова акција за исплата на долгови на рати без камата

ЈП Водовод и Канализација - Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје. Во таа насока, ЈП Водовод и Канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека повторно се спроведува акцијата за наплата на долговите на рати без камата. 

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 17.06.2020 заклучно до 31.07.2020. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи. 

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите. Истовремено, повикуваме и на почитување на мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од 2 метри и дезинфекција на рацете.  

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

-       02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-       02 3240 300, Дирекција

-       kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-       www.vodovod-skopje.com.mk

-       www.facebook.com/jpvodovod.skopje 

 

Со почит,

ЈП Водовод и канализација – Скопје

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија