Започнати градежни активности на ул. Дижонска, крак 1

28.05.2020, четврток - ЈП Водовод и канализација – Скопје ги започна градежните активности за изведба на нова мрежа на ул. Дижонска, крак 1, во должина од 240м со поставување на нови дуктилни цефки од Ф100мм и планска распределба на 40 огрлици. Градежните активности се однесуваат на замена на старата мрежа од поцинкувани цефки со големина од 5/4. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжува посветено да работи со цел исполнување на потребите на корисниците и граѓаните на град Скопје, одржување и обновување на водоводниот и канализацискиот систем во градот

cssslider.com by cssSlider.com v2.1

Последни соопштенија